Потребно време за читање: 2 минути

Најнапред, со двор се означува владетелски дом, убава градба во која живее владетелот со своето семејство и со дворјаните, a која наедно е негова службена резиденција. Дворец е неутврдена станбена зграда на феудалците, за разлика од утврдените средновековни градови (бургови). Најчесто е граден на феудален посед надвор од градот и наменет за повремен престој односно одмор.

Од времето на ренесансата владетелите градат дворови во градовите, каде што стануваат нивни постојани седишта. Ренесансата и барокот на дворовите им дале осбено раскошни облици (Хајделберг, Ескоријал, Версај, Шенбрун, Потсдам).

Во средновековните комуни со називот двор се означува палата во која е седиштето на комуналната власт: кнезов двор.

Двор е и помала едноставна благородничка куќа (curia nobilitaris) или седиште на црковната жупа (област)-енорија.

Собир на лица кои се во непосредна служба и придружба на владетелот или членови на владетелското семејство исто така се вика двор. Поединци од придружбата во средниот век имале одредени функции (коморник, пехарник, коњушар итн.), а со време презеле функции од управен и воен карактер. Во владетелскиот двор, особено за време на ренесансата, спаѓале и уметници, книжевници и научници.

Прочитај и за ... >>  Минато: еден од грчките масакри врз егејски Македонци

Дворовите имале фиксиран церемонијал; некои европски дворови во одделни периоди му давале тон на церемонијалот на останатите дворови (француски и бургундиски во средниот век, италијански во ренесансата, шпански од 16. до 18. век, па повторно француски од 17. век натаму).

На дворецот како средиште на поседот му припаѓаат економски згради, потоа градини, парк со павилјони, украсни скулптури и фонтани, што се заедно прави единствена градежна и естетска целина.

Кај дворецот преовладува општествената репрезентација, што ги условило неговиот надворешен изглед и неговиот внатрешен просторен распоред (свечени хали, столбови, галерии).

Овој градежен тип се јавува од ренесансата, а особено раскошни облици добива во времето на барокот. Познати се дворците во Франција (долината на Лоара), Германија (Нимфенбург, Померсфелден), Англија (Бленхајм Палас), Италија (Вила д’Есте во Тиволи), во Хрватска (Хрватско загорје) и Словенија (Дорнава, Штатенберг).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here