Домашно милениче: мини прасе

0
28

Мини piggies или мали домашни прасиња во зрелата возраст не надминуваат 15 кг. Сите се совршено прилагодени на живот во затворен простор-дом.Тие се добродушни и пријателски настроени. Исклучително се интелигентни и лесни за дресирање.  Постојат податоци од студиите спроведени од страна на германски научници дека се во можност да научат повеќе команди отколку просечната куче. Овие прасиња се сештојади животни, досега не покажале алергиски реакции на храна. Јадат исто што и големите-свежо овошје, зеленчук, млечни производи, житарици, месо, риба; но без сол, шеќер и други додатоци. Чистата и свежа вода треба да им биде на располагање во секое време. Потребна им е секојдневна прошетка.

Малите прасиња  се многу интелигентни. Дресирањето се врши со едноставни команди, а најчувстителен им е носот. На секои шест месеци задолжително е чистење на ушите и „средување“ на ноктите.

Досега во светот се одгледани околу 30 видови мини прасиња.

Прасињата во шолја чај, како што ги нарекуваат, се омилени домашни миленичиња во Велика Британија. Таа раса прво била развиена и се користела за медицински истражувања. Тежат од 27 кг, па дури до 140 кг кога ќе пораснат.

Својата популарност им ја должат и на познати личности кои радо во јавноста се појавуваат со нив-Мајли Сајрус, брачниот пар Бекам, Парис Хилтон. Забележан е случајот на Парис Хилтон при купување на минијатурно прасе: борците за права на животните од организацијата PETA ја нападнале размазената богаташка оти на својата колекција на крзнени пријатели им го додала и прасето со големина на обична шолја. Членовите на организацијата тврдат дека Парис поради својот однос спрема животните е мошне лош пример за своите млади обожаватели, со оглед дека спрема домашните миленици се однесува како спрема потрошна стока, како што, впрочем, се однесува и спрема своите пријатели. Низ куќата на Хилтонова веќе „минале“ животни како чивава и твор, поради што исто така била нападната од PETA.

Нешто важно во врска со одгледувањето на мини прасиња: утврдени се 6 причини поради кои не би требало да се определите за нив.

1. Мини свињите сепак не се толку мали
Имајќи предвид дека просечната тежина на возрасно мини прасе е 50 кг, а просечната тежина на домашна мачка е 4 кг, нив не би можеле да ги наречеме мали домашни миленичиња;

2. Можат да се опрасат на само 3 месеци старост
Одгледувачите на мини прасиња ги убедуваат купувачите да го користат нивното незнаење како сопствена корист. Имено, објаснувајќи дека остануваат исклучително мали, тие ќе ви препорачаат да ги погледате нивните родители. Меѓутоа, родителите на прасенцата можат да бидат и самите прасенца стари само неколку месеци;

3. Нездраво е за прасињата
Продавачите убедуваат дека прасињата растат само ако ги храните премногу. Поради тоа купувачите ги чуваат своите миленичиња на „мини исхрана“, што е за нив исклучително нездраво и може да им предизвика бројни здравствени проблеми;

4. Ги прави несреќни
Воопшто, свињите се животни кои сакаат друштво. Држењето изолирани од други припадници на нивната раса предизвикува тие да станат депресивни и агресивни. Свињите сакаат да копаат, да се валкаат во кал и да се прскаат со вода. Се разбира, овие услови е невозможно да им се обезбедат држејќи ги во куќа или стан;

5. Скапо е
Иако бебињата се исклучително мали, со оглед на нивната тежина овие прасиња ги прави рамноправни членови на семејството според потребното количество храна;

6. Може да биде незаконско
Законот овие животни ги третира како стока, а во некои урбани средини, посебно во големи градови, е забрането да се огледува стока. Счедствено, чувањето на овие животни како миленици може да ви донесе и правни проблеми.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion