Дали порнографијата ќе ја спаси филмската 3D технологија?

0
26

Без оглед колку Холивуд се колне во филмовите кои се гледаат со специјални очила, на секој „Аватар“ кој успеал одат неколку 3D филмови што не ги вратиле вложените пари. Но, како и некогаш во случај на VHS, тука е порноиндустријата.

„Филмовите кои се гледаат со една рака“ би можеле во третата димензија да најдат враќање на патеките на исплатливоста, од кои ги истуркаа куќните порно филмови, аматерските „дела“ и сеприсутноста на „порничиња“ на мрежата на сите мрежи; со толку достапни што фотографии што филмови на девојки „соблечени до грло“ ( а ни младичи не изостануваат) кои на повеќето луѓе едноставно не им се даваат пари за нешто поквалитетно.

Веќе и HD форматот им донесе бројни главоболки на порнофилмаџиите, со потребата сѐ-мозолче, проширена пора и каков било недостиг на изведувачите на репетитивни движења грижливо да се прикријат за да се добие онаа илузија на совршенство што ја бараат потрошувачите. Но, со 3D технологијата, ако биде доволно атрактивна, би можеле да се вратат гледачите и патем да станат исплатлив пазар за камери и друга 3D опрема за снимање и прикажување, кои нивното производство ќе го направат помасовно и со самото тоа исплатливо.

Трката кој прв ќе исфрли на пазарот 3D порно филм веќе е во полн ек. Во продукција на „Хустлер“ е снимена порнопародија на „Аватар“, во Италија Тинто Брас објави 3D римејк на својот озлогласен „Калигула“, во кој своевремено Малколм МекДауел, Џон Гилгуд и Хелен Мирен глумеа не знаејќи дека освен нивните еротски сцени дополнително во филмот ќе има (невешто) намонтирани и тврдопорнографски.

Најдалеку отидоа во Хонг Конг. Таму режисерот Кристофер Сун го сними 3D филмот „Секс и зен: крајна екстаза“. Продуцентот на тој филм Стефен Шиу изјави:

„Ова е иднината на снимање на филмови. На луѓето им е во природата да сакаат работите да ги гледаат во три димензии.

 

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion