Потребно време за читање: 2 минути

Човекот oд сите други живи суштества најмногу се разликува според способноста да се смее, напиша уште во далечната 1712. англискиот есеист Џозеф Адисон. Меѓутоа, модерната наука има по малку поинакво мислење.

Ние сме прилично убедени дека ниедно друго животно не се смее приближно онака како што тоа го прави човекот. А за тоа треба да му заблагодариме на единствениот статус на примат кој научил да се движи на две нозе.

„Исправувањето и одењето на две нозе било пресвртен момент во еволуцијата“, нагласува професорот Роберт Провин, доајен во истражувањето на феноменот на смеењето, кој потсетува дека „четириножните цицачи мораат да го усогласат дишењето со чекорењето“.

Отстранувајќи го притисокот врз градниот кош, движењето на две нозе ни овозможило контрола на дишењето која е неопходна за говорот, но и способноста да го прекинуваме издишувањето и така да го добиеме карактеристичниот „ха-ха-ха“ звук во човечкото смеење.

Ако е точно дека смеењето е некој вид на „општествено масло“ кое помага за воспоставување на однос помеѓу единките или единките и општеството, може да се очекува дека нашите најблиски „еволуциони роднини“, големите примати, би можеле да прават нешто слично.

Прочитај и за ... >>  Зошто треба да се има домашно милениче?

„Смеењето во буквална смисла на зборот е звук на груба игра следена со валкање и големите мајмуни во играта навистина произведуваат нешто како громогласна смеа. Но звуците на нивната радост во играта не се така „музикални“ како нашите кога сме добро расположени, зашто ги создава трајно, непрекинато издишување на воздух од градите. Нивното смеење е резултат на постојано вдишување и издишување“, изјави Провин за списанието „Сајенс“.

Како резултат, смеењето на големите мајмуни не е ниту слично на звукот на нашето смеење. Кога Провин им пуштил на своите студенти снимка на смеење на шимпанзо, повеќето од нив мислеле дека е збор за кучешко пиштење, неколкумина процениле дека е збор за „бучно сексуално уживање“, а имало и такви кои слушнале стружење или шмирглање на метал.

Професорката Марина Давила- Рос, од Универзитетот Портсмаут во Велика Британија, со соработниците скокоткала три бебиња и 21 орангутан, шимпанза и мајмун бонобо. Научниците ги мереле различните видови на звуци што се добивани и потоа ги користеле за да го добијат „семејното стебло на смеењето“.

Прочитај и за ... >>  Музеј на живите фосили - Охридско езеро

На општо изненадување, „семејното стебло на смеењето“ речиси до детали се поклопувало со „еволуционото стебло“ на мајмунот и човекот, јави списанието „Современа биологија“.

„Најизразитата разлика била помеѓу човекот и големите мајмуни. Но смеењето на африканските големи мајмуни, шимпанзата и горилата, кои се наши најблиски генетски роднини, било акустички многу послично на нашето отколку криковите што ги произведувале орангутаните“, нагласи професорката Давила- Рос.

Тогаш- каде треба да ја подвлечеме линијата на раздвојување? Треба ли смеењето да го дефинираме едноставно како која било вокализација за време на игра?

Мислењата се различни

Еден од истражувачите кој заговара либерална дефиниција е еволуциониот биолог Јак Панксеп, од Државниот Универзитет Вашингтон во Пулман. Снимајќи стаорци со користење на детектори за следење на лилјаци, открил дека тие, кога се скокоткаат, создаваат карактеристично ултразвучно црцорење на фреквенција од 50 килохерци.

Во исто време, тој не само што ова го смета за смеење, туку тврди дека натамошни истражувања на стаорците би ни помогнало да ја сфатиме невробиологијата на човечкото смеење.

Прочитај и за ... >>  Како ајкулите го откриваат пленот?

Овие свои ставови ги изложил во списанието „Истражувања на мозокот и однесувањето“.

(Преземено и преведено од http://www.b92.net/)

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here