Човечкиот мозок

0
19
Creative Intelligence Mind Idea Think Human Brain

Тој постојано се истражува, особено неговото функционирање, и постојано се откриваат нови нешта.

Од она што е досега познато:

Човечкиот мозок, таа маса на испреплетени нервни станици, ги одредува нашите сетила, чувствата, паметењето, интелигенцијата, креативноста, мислите и постапките. Овој дел од нашата анатомија навистина го прави она што ние во суштина сме.

Мозокот е посложен и посестран од кој било компјутер.

Тој тежи околу 1.300-1.400 грама. За споредба, мозокот на шимпанзото тежи 420, а на слонот 4.000 грама.

Се проценува дека во човечкиот мозок постојат 100 билиони (100.000.000.000) нервни станици, кои можат да им испраќаат пораки на илјадници други станици со брзина од 320 километри на час. Кога сите нервни станици на мозокот би ги наредиле една до друга, би создале замислена линија долга 1.000 километри (но линијата би била мошне тесна, со широчина како илјадити дел од 1 милиметар).

Истражувачите на мозокот во изминатото десетлетие сознале повеќе за тоа како тој работи отколку во последните стотина години. Последното десетлетие на минатиот век било прогласено за „Декада на мозокот“. Разбирањето на начинот на кој човечкиот мозок функционира е еден од најголемите предизвици на 21-от век.

Техниките на сликање на мозокот, како што е позитронската емисиска томографија (ПЕТ) или магнетната резонанца (МР), им овозможија на научниците да го истражуваат човечкиот мозок и подобро да сфатат како работи здравиот. Овие истражувања пружаат подобро разбирање на лечењето на болести и пореметувања на мозокот.

И покрај митот дека постарите луѓе не можат да учат нови работи, истражувањата на мозокот кај здравите постари луѓе покажале дека не постојат докази кои би ја поддржале оваа предрасуда. Исто така, стареењето не значи дека лицето ќе го изгуби своето помнење. Напротив, колку некој во текот на животот го одржувал поактивен својот мозок, тој подоцна ќе задржи и поголема ментална подвижност. На постарите луѓе им е потребно повеќе време нешто да научат, но се чини дека тие и го запаметуваат она што го научиле еднакво добро како и младите луѓе.

Во текот на мошне раното детство во мозокот на детето се создаваат милиони врски. Овие врски се засилуваат ако е тоа вклучено во активности со својата околина, вклучувајќи и разговор со него, ако му се чита, како и да се игра со него.

Длабоко во засолништата на човечкиот мозок лежат одговорите на многу медицински мистерии на денешницата. Многумина не се свесни кои се болести и оштетувања се поврзани со мозокот. Мозочен удар, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, депресии, стрес, пореметувања на хранењето, пречки во учењето, епилепсија, шизофренија, аутизам и мултиплекс склероза, се примери на болести и пореметувања кои погаѓаат многумина луѓе од сите старосни групи во Европа и во светот.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion