Основото за размислување (засега) за Марс: колку е „траењето“ на годината од Земјин „аспект“, која таму трае 687 дена; дали од него можат да се препознаваат „нашите“ соѕвездија на ноќното небо; какви се навистина боите таму (дали црвената е навистина доминантна); има ли на оваа планета каков било звук?

Какви одговори за овие и други теми нудат книгите?

За брзината на звукот:

Таа е едно од основните својства на секоја атмосфера, која се менува со промената на температурата. За дадени услови, брзината на звукот се дефинира како брзина со која звучните бранови се простираат низ материјата, како што е, на пример, воздухот. Научниците поседуваат модел на стандардна атмосфера кој ги дефинира промените на типичните вредности на брзината на звукот со промените на висината.

Мавовиот број покажува колку брзо се движи некое тело во однос на брзината на воздухот, односно брзината на едно тело поделена со брзината на звукот на таа висина.

На пример, ако кажеме дека некој авион лета со 0,8 Мава, тоа значи дека се движи со брзина од 80% од звукот на таа висина, а ако кажеме дека некоја ракета лета со брзина од 3 Мава, значи дека е 3 пати побрза од брзината на звукот.

Важно е да се наспомне дека брзината на звукот не е некој единствен и точно одреден број, туку зависи најмногу од температурата на воздухот која, пак, директно зависи од надморската височина.

Бидејќи на Земјата брзината на звукот најмногу зависи од температурата, еднствено што ни треба за изнаоѓање на брзината на звукот на друга планета е модел на стандардна атмосфера за неа. Тој ќе помогне да ги одредиме типичните температури за различни висини на таа планета.

NASA и ESA досега испратија неколку вселенски сонди на Марс, па се собрани доволно релевантни податоци за неговата атмосфера со кои може да се создаде еден таков модел. Создадениот прелиминарен модел на стандардна атмосфера за Марс од страна на NASA може да се спореди со оној развиен за Земјината од 1976-та година, кој Американците го развиле за свои потреби. Се разбира дека поради поинаквиот состав на Марсовата атмосфера и нејзината помала дебелина вредностите на константите се менуваат. Додека Земјината во поголеми количества ја сочинуваат азот, кислород и јаглен диоксид, Марсовата се состои главно од јаглен диоксид и помали количества на други гасови. Во однос на температурата на атмосферата, таа, слично како и на Земјата, е поделена на региони, но само на два: тропосфера и стратосфера. Првиот статистички се протега до висина од 7.000 метри, а вториот до 30.500 метри.

На пример, ја бараме брзината на звукот на „надморска височина“ нула. На таа најниска височина на атмосферата температурниот профил на стандардна атмосфера ни зборува дека температурата е 32 степена Целзиусови. Тоа значи дека бризната на звукот на Марс на „ниво на морето“ (со употреба на стандардна формула) е еднаква на 244,2 метра во секунда, односно 879,3 километри на час. Значи, брзината од 1 Мав на Марс изнесува 879,3 километри на час!

Поради константното опаѓање на температурата на атмосферата со порастот на висината на Марс, со иста брзина опаѓа и брзината на звукот. Таму брзината на звукот опаѓа континуирано, додека тој процес на Земјата е многу покомплексен. Приближното место (ниво), на кое во Марсовата атмосфера опаѓањетона температурата се забрзува, се наоѓа на околу 7.000 метри, па затоа тој слој се дефинира како граница помеѓу тропосферата и стратосферата.

Треба да се има предвид дека атмосферата на Марс е далеку понестабилна отколку на Земјата и оти поради тоа е многу потешко да се одреди моделот на стандардна атмосфера. Поради нејзината помала дебелина, температурата над која било локација, како и висината, далеку повеќе варираат отколку на Земјата. Температурните флуктуации помеѓу денот и ноќта се толкави што во текот на денот тропосферата е дебела од 10 до 12 км, но во текот на ноќта таа сосема исчезнува.