Бракот и финансиите

0
15

Изјава на еден стручњак за финансиски прашања:

„Сите истражувања покажуваат дека помеѓу 85% и 90% од сите парови кои на крајот се развеле признале дека финансиите им претставувале главен извор на проблемите“.

Живееме во општество на изразит потрошувачки менталитет што ги поттикнува брачните парови постојано да купуваат, без оглед дали имаат пари или не.

Начинот на кој ќе управувате со парите претставува една од најголемите проби на вашиот карактер, па и на брачниот однос. Ако вие и вашиот партнер имате финансиски потешкотии, донесете одлука дека заедно ќе ги решите и ќе смислите финансиски план, со помош на кој ќе застанате на свои нозе.

Се препорачува следново:

Прво, почнете заеднички да ги решавате своите финансиски прашања, што во основа значи дека редовно ќе разговарате за парите. Ако не разговарате за нив, тоа значи дека ни за други работи не разговарате доволно сериозно. Ако е така, морате да донесете одлука да поработите на вашата комуникација.

Брачните партнери треба заеднички да осмислат како ќе изгледа нивниот домашен-куќен буџет, во кој се разбира дека ќе ја вклучат и ставката за отплатување на кредит-картичките или долгот кој го направиле.

Мошне често проблем настанува околу тоа како и поради што се трошат пари. Факт е дека парите ги трошиме во согласност со својот систем на вредности, така што проблем станува кога почнуваме да се бориме за нешто што ние го сакаме и на тој начин го занемаруваме партнеровиот систем на вредности.

Кога ќе почнете заеднички да се договарате како ќе „работите“ со парите, мудро внимавајте на што трошите, во што вложувате и зошто давате.

Полека вашите финансиски потешкотии ќе се намалат. Меѓутоа, за тоа е потребно да гледате понатаму од својот нос и да видите што се навистина потребите на вашиот партнер. Тоа е полесно да се каже отколку да се направи.

Еден брачен пар толку жестоко се карал зашто мажот никако не можел да сфати зошто неговата жена секогаш мора да го купува најдоброто. Од шминка и храна, па до обувки и облека, се морало да биде најдобро. А нејзе никако не и било јасно зошто нејзиниот маж не сака парите од станбената заштеда да не се земат и да се користат за секојдневни потреби. Бидејќи не можеле да го сфатат системот на вредности на својот партнер, се карале се почесто и се пожестоко. Не можеле ниту да почнат со решавање на проблемите се додека не ги согледале меѓусебните разлики што ги имале во системите на вредности.

За многумина од нас парите не се само средство за купување на потреби, туку можат да станат замена за сигурноста и поради тоа сме наклонети да мислиме дека одредено количество на пари ќе ни донесе сигурност.

Меѓутоа, интересно, во Библијата пишува дека овој извор на нашата сигурност може лесно да не зароби и да загосподари со нас. Исто така, можеме да погрешиме ако мислиме дека само луѓето без пари имаат финансиски потешкотии. Причината за нив не е премалото количество, туку погрешниот став за парите. Односно убедувањето дека со пари можеме, освен секојдневните потреби, да го купиме и исполнувањето на нашите најдлабоки потреби. Билијата не учи дека не можеме да им служиме на двајца господари, на парите и на Бог. Зошто?

Затоа што се работи за чувство на сигурност, односно со него се чувствуваме моќно и сигурно. Се разбира, се потенцира дека нашата вистинска сигурност дури и кога се финансиите во прашање е само Бог.

Еве и некои актуелни „бракоразводни“ прашања непосредно поврзани со финансиите:

Дали сте подготвени да разговарате поотворено за финансиите со својот партнер и да осмислите финансиски план?

Дали мислите дека парите или недвижностите ќе ви донесат сигурност или, пак, им верувате на оние што велат дека таа се постигнува и без нив (се разбира, не целосно, но секако без „никогаш доволно“)?

Дали сте подготвени да се „стесните“ поради финансиски проблеми, кога се плановите и амбициите во прашање, особено во семејниот круг, без оглед на  конкретни меѓусебни (п)однесувања?

Дали сте подготвени да живеете макар привремено во поширока семејна заедница (пред се во „подносливи“ станбени услови), а притоа финансиските проблеми да ги споделите и заеднички да ги решавате? Сметате дека помошта од неа само ќе ви создаде додатни проблеми и обврски?

Не заборавајте на мудроста дека бракот не е само за заедничка живеачка, за создавање на пород, туку и на род. А токму тој, родот, „вклучува“ многу нешта, па и финансиите.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion