Потребно време за читање: 3 минути

Благословите се кратки говорни народни умотворби во кои се искажува добра желба-среќа, здравје и успех: „Блазе мајка што те роди“, „Среќа да имаш на секој чекор’“ „Од небо да ти роси, од земја да ти роди“.Abstract art

Во духот на народот ттие се развиле до уметничка поетска форма. Особено долги, римувани, десетеречки благослови се користат за свадби и слави, за Нова Година…

Дури се благословува и при погреб: „Бог да го прости покојниот, на живите да им даде живот и здравје“.

Основата е верување дека со помош на натприродните сили посаканото може да се исполни. Се благословуваат семејство, почитувани роднини и пријатели, новородени, младенци, бремени жени.

Кај македонскиот народ и денес има современи остатоци од таа архаична усна уметност. На пример при купување продавачот посакува со здравје да се користи робата, а купувачот му возвраќа да му се множат парите или и тој во здравје да си го троши заработеното.

Прочитај и за ... >>  Здравици

Има и хумористично обоени благослови. Тие не содржат злоба или лоша мисла, а се кажуваат со извесна иронија поради што кај слушателите предизвикуваат ведро расположение.

Благослов при пиење вино и ракија на свадба

Господи Боже, поможи!
Господ да ни поможи,
И си светци небесни,
И денешна света Богородица
Да не крепи надесно
И да не има под рака!

Свети Арангел милостив
И чесен крс да не укрилит!
Свети Илија да ни го чуа
Полето со бериќето,
И свети Дув да ни подуе полето,
За полни да ни сет амбарите,
Полни бочви со вино и ракија!

Да ни е жив домаќин,
Да му е жива домаќинка
И челад што му дал Господ,
Во челад и во стока добрина!
Колку клиње во куќава,
Толку синои у домаќина!

Да му се живи овците,
Трлото да му е полно
со машки јаганца калеши!
Стрижење, молзење,
Јадење и пиење
Од века до века, дај Боже!

Прочитај и за ... >>  Ако се пуштиш од некое високо место, во некое удолно и да не можиш да се качиш пак тамо, ќе ти куца работата и ќе падниш во сиромаштија

Брацка љубов да имаме,
Трешница на душмани,
Да се влечат по газоите,
На мешини по мостоите,
Бели камења да ватат
И назад да се не вратат;
Света земја да појдат
И тамо да останат!

Брацка љубов и добра мисла
Господ да ни даит!
На стари годиње добра старос
И добри дни!
Блаосоите и здрав ми сте!

Откога ќе ја испиет чашата, ќе ја турат, велејќи: „Колку капки останаа во чашава, толку душмани да останат“. Ако се погоди и свадба да имат во куќата, при друзите (горни) зборои ќе се балосоит и вака:

Да ни се живи младенците
И турачите што ни турат
По чесна трпеза вино и ракија!
Арџот и страмот за век!

Годинава венчаваме,
Во година да крстиме
И на помали да исчекаме!
Да сме живи и гостите
Што го веселиме домаќино!

Вакваа радос и веселје
И во нашите куќи,
И на нашата челад!
Да се радуаме и веселиме:
Кој од срце, кој од глаа,
Кој од челад, кој од брат,
Кој од сина и внучиња!
Блаосоите ме и здрав ми сте!

Прочитај и за ... >>  Песни на Коледе

„Ово, ов, ов, ов, што била слатка оваа ракијка што ми ја подаде зетов“, ќе речит пијачот. Друзите гости ќе му одречат со насмет: „Слатка е, побратиме, ја, оти од зет ет подадена, затоа е слатка“.

На прс прикажуаат тие селани што можат да редат ваквие зборои на чашата кога да се пиет на собор или свадба. Секој му се чудит на тој чоек што блаошава вака, како знаит да блаошават толку многу како на книга да гледат.

(Забележал: Марко К. Цепенков)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here