Аријадна

0
43

Аријадна е ќерка на критскиот крал Минос и кралицата Пасифаја. Му помогнала на Тезеј да излезе од Лавиринтот.

Митолошката приказна за Аријадна има две варијанти.

Според првата, Андрогеј, синот на Минос го убиле Атињаните, љубоморни на неговите победи на Панатинскиот фестивал, Егеевите игри, каде што секогаш победувал.

Другата кажува дека го убил критскиот бик на Маратон, на заповед на Егеј. За да му се одмазди, Минос завојувал со Атина. Барал седум атински девојки и момчиња, избрани со извлекување на сламка, да му се жртвуваат на Минотаурот на секои девет години (според некои извори секоја година; според критската астрономија, полната Месечина била во еквиноциум на секои осум години). Кога се ближило третото жртвување, Тезеј се јавил доброволно да го убие чудовиштето. Му ветил на својот татко Егеј дека ќе постави бели едра ако походот биде успешен.

Аријадна се вљубила во Тезеј и му помогнала да излезе од Лавиринтот, давајќи му клопче волна со кое ја следел сопствената трага. Тезеј го убил Минотаурот со магичен меч, што му го дала Аријадна, и ги пуштил останатите Атињани од лавиринтот.

Меѓутоа, тој заборавил да ги промени црните едра на тагување на бродот со бели, па неговиот татко Егеј се самоубил. Имено, со денови ја гледал пучината и кога видел црни од тага се фрлил во морето кое според него е наречено Егејско море.

Од друга страна, Минос бил лут што Тезеј успеал да побегне и ги затворил Дедала и неговиот син Икар во лавиринтот или, според некои извори, во кула. Успеале да избегаат така што направиле крилја. Но, Икар летал превисоко, па восокот на крилјата се стопил, а тој паднал во морето.

Друга варијанта на митолошката приказна кажува дека Минос се откажал од војна зашто го сакал Тезеја.

Според Хесиод (неговото дело „Теогонија“), Тезеј со себе ја повел и Аријадна, ветувајќи и брак, но всушност ја сакал нејзината помлада сестра Федра. Кога на враќање во Атина со брод стасале на островот Накс, за да се одморат, тој ја оставил заспаната Аријадна, а самиот се вратил дома. И се сожалил богот Диониз, па ја зел за жена и ја направил божица, иако таа, според легендата, никогаш не престанала да го сака Тезеја.

Една варијанта на митот вели дека таа била омажена за Тезеј и избегала кај Диониз.

Со Диониз ги имала Тоант и близнаците Енопион („кој пие вино“) и Стафил („грозд“), а според некои извори и Еуант („богато цветајќи“).

Венчалната круна на Аријадна е поставена на небото како соѕвездие Корона. Му останала верна на Диониз.

Според едни извори, неа ја убил Персеј во Арг, а според други се обесила на дрво- што е ззаедничка месопотамска тема (споредба со Епигон или Артемида), а бидејќи се смета и за божица на ткаењето (како Арахна), се поврзува и со митемата на нимфата која се обесила.

Диониз ја спуштил во Адот и ја вратил, заедно со својата мајка Семела, а потоа тие им се придружиле на боговите на Олимп.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion