Потребно време за читање: 2 минути

Светската здравствена организација (СТО) процени дека помеѓу 65% и 80% од светската популација се потпира на традиционалната (алтернативна) медицина како примарна форма на здравствена заштита.

Од друга страна, СТО предупреди дека за нарушување на здравјето, односно болестите на современиот човек најодговорни се лошата исхрана, стресовите и хипокинезијата.

Врз основа на едно истражување на Националниот центар за комплементарна и алтернативна медицина во САД, извршено на популација од 31.044 возрасни лица (над 18 години), е утврдено дека 36% користат некој вид на комплементарна и алтернативна медицина, со популарната кратенка КАМ. А кога во неа ќе се вклучат и терапијата со мегавитамини и молитвата за здравје, тој процент се зголемува на дури 62%. Исто така е утврдено дека КАМ повеќе го користат жените отколку мажите, како и оние со повисоко образование. Молитвата од здравствени причини е наведена како најчест вид на користење на КАМ терапијата. Испитаниците навеле 5 причини зошто користат КАМ:

Прочитај и за ... >>  Благотворно дејство на лукот и кромидот: тие го намалуваат ризикот од рак

1. може да го подобри здравјето кога се користи во комбинација со конвенционалниот медицински третман-55% од испитаниците;
2. интересно е да се проба-50%;
3. конвенционалната медицина не може да помогне-28%;
4. конвенционалните доктори препорачале КАМ-26,5%;
5. конвенционалната медицинска терапија е прескапа-13%.

Едно икстражување е направено и на Нов Зеланд, но врз 249-мина лекари по општа практика. 30% од нив користеле една или повеќе форми на алтернативна терапија, а 69% рекле дека би им препорачале на пациентите некоја терапија од алтернативната медицина. Заклучено е дека таа е интегрален дел од примарната медицинска заштита.

Според истражување во Австралија, пак, спроведено помеѓу 512-мина доктори, 80% изјавиле дека на своите пациенти им препорачуваат акупунктура, хипноза и медитација, а една чевртина од испитаниците поминала обука за една или повеќе од овие техники.

Се смета дека и половина од германската популација користи една или повеќе форми на алтернативна медицина.

Хипократ рекол:
„Храната е храна, храната е лек и храната е отров“.

Прочитај и за ... >>  За медот

Иако се штетни, често и опасни по здравјето на луѓето, во производството на прехранбени производи се користат разни хемиски средства и додатоци со цел постигнување на поголемо производство, подобрување на вкусот, мирисот и бојата на готовите јадења.

Во канонот на кинеската медицина пишува дека речиси сите болести можат да се лечат со исхрана, лековити растенија и секојдневна телесна активност. Кинеската филозофија за чување на здравјето, иако е стара повеќе илјади години, речиси во целост се согласува со поставките на Светската здравствена организација дека за нарушувањето на здравјето, односно за болестите на современиот човек најодговорни се лошата исхрана, стресовите и недоволната телесна активност (хипокинезија).

Најважно е менито да биде од разновидна здрава и природна храна. За растителната може да се рече дека природата ни ја дала од прва рака и е токму онаква како што најмногу му одговара на нашиот организам. Во неа хранливите состојци се наоѓаат во квалитативни и квантитативни односи што ги поставила самата природа, па затоа треба да се сочуваат што е можно повеќе.

Прочитај и за ... >>  Храна за подобро паметење

Во суровата храна хранливите состојци се сосема зачувани, додека во храната која претрпела каква било обработка или преработка овој однос помалку или повеќе е нарушен.

Пресната храна, пак, како лековито средство храни и лечи, годи, а ја прифаќаат и здрави лица.

Најкористени се житариците во вид на брашно или ‘ркулци од пченица, јачмен, ориз, пченка, хелда, овес, интегрален ориз или семенки од нив.

Се препорачуваат соино млеко и производи од соја во замена за млеко и млечни производи.

Семе на мешунки: соја, леблебија, лен, сусам, сончоглед, бадем и лешник.

Неизоставни се сите видови на овошје и зеленчук, а посебно целер, морков и цвекло.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here