Потребно време за читање: 3 минути

Треба веднаш да се каже дека рудникот Алшар, на планината Кожуф кај Кавадарци, во изминативе години и децении е веќе доволно истражен за да се донесат релевантни научни заклучоци: во него во изобилство ја има талиумовата руда лорандит, која е природен детектор на „неутрино“, честичка која од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди. Со други зборови, тој единствено ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото на Сонцето.Алшар

Лорандитот најмногу ги преокупира светските научни кругови, бидејќи станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија и можеби уште во Шри Ланка.

Лоцирани се 32 минералa на талиумот, од кои 17 единствено ги има во Алшар. Во него, исто така има и злато (некои тврдат околу 20 тони, чија вредност се проценува на околу 150 милиони евра), потоа антимон, хром и бакар.

Досегашните резултати потврдија дека лорандитот во одредени ситуации испушта огромно количество на енергија, која може во иднина да биде соодветна замена за нуклеарната.

Во 80-тите години на 20. век се спроведувал посебен проект, наречен „Лорандит лорекс“, кој го финансирале повеќе европски земји. Меѓутоа, со почетокот на војните на Балканот проектот бил прекинат.

Прочитај и за ... >>  Предвидување на иднината

Инаку, Алшар е необично и мошне атрактивно место. Рудникот е оддалечен од градот Кавадарци 50 километри, а се наоѓа во селото Мајден, на 900 метри надморска височина. Во близина на окната се чувствува миризба на сулфур. Тука тече и Мајденска река, во која некогаш се миела рудата од Алшар, во времето кога рудникот бил експплоатиран. Земјата е мека, а е исполнета со разни минерали во сите бои. Доминантна е жолтата, поради големото присуство на арсенот. Тоа е позната смртоносна руда која ги дава сите нијанси на жолтата боја. Токму тој, арсенот, се икопувал во турско време и се користел најмногу во козметиката, за депилација. Дел од рудата преку солунското пристаниште се носел во Фрајбург, во Германија. Токму при обработката во германскиот град се откриени некои од уникатните руди на Алшар.

Денес постои само едно отворено окно, кое се наоѓа на 25 метри во планината. Ходникот е долг 300 метри, а постои и вертикален за вентилација.

Прочитај и за ... >>  Како настануваат ураганите?

Постојат легенди за минералот лорандит кои се поврзани со Александар Македонски. Наводно, тој прв ја открил неговата моќ, па неговата фаланга ги премачкувала своите штитови со овој минерал. Во битките, кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток, се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Со тоа и се поврзуваат успесите на Александар. Тоа, пак, се поврзува и со изгравираното сонце на нив, она од Вергина, па оттаму и култот на Македонците спрема Сонцето.

Легендата не е научно потврдена, само се знае дека рудникот Алшар бил активен и во антиката. Имено, при ископувањата во минатиот век се најдени рударски алатки од античкиот период, што е непобитен факт дека тогаш бил активен.

Приказните за неверојатната моќ на лорандитот во своите уметнички дела ги прикажува и академскиот сликар Ацо Станковски, кој режираше и филм.

До црвенкастиот кристален елемент може да се дојде со дупчење на големите камени стени, во чија длабочина е скриен. Со процесите на фусија и фисија и цепење на јадрата на елементот, се претпоставува дека е можно да се ослободи енергија. Истражувањата треба да докажат дека од тие реакции може да се добие таканаречено „вештачко сонце“, кое би ослободувало енергија за потребите на огромни територии.

Прочитај и за ... >>  Брзината на звукот на Марс

Од 2004. година рудникот е евидентиран како споменик на природата, а е дел и од Емералд-мрежата за заштита на природните реткости.

„Ако истражувањата покажат како се создава енергијата во сонцето, тогаш научниците би се концентрирале на пронаоѓање и експлоатирање на нов моќен извор на енергија, соодветна на онаа што се добива од него. Хипотетички, тоа значи дека би можело да се произведуваат таканаречени „мали сонца“, што би ги замениле атомските централи, а не се радиоактивни“, истакнува Трајче Стафилов, професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Пред стотина години руда од Алшар се испитувала во елитните универзитети во Прага, Будимпешта и во Виена и биле пронајдени дотогаш непознати минерали. Во околу 250.000 тони руда има 2% арсен, 2,5% антимон и 0,1% талиум. Оваа концентрација го прави рудникот најбогато наоѓалиште на талиумот, што се користи за вселенски истражувања и во телекомуникациските технологии.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here