10 грозни машки навики

0
31

Не морате да верувате дека постојат грозни машки навики. Доволно е ако ве забават-поднасмеат, а ќе биде уште подоволно ако селектирате-некои да отфрлите, а друг(и) да додадете.

Се разбира, штом постојат машки мора да постојат и женски грозни навики. Само што сѐ уште никому не му текнало да ги издели, изброи и да ги назначи како такви.

1. Сечење на нокти во дневната соба
Она што мажите очигледно не го знаат е дека ноктите по сечењето не исчезнуваат сами од собата и оти се прилично остри, па можат да повредат некого од членовите на семејството, домашното милениче или гости(н). Исто така, ништо не постигнуваат ниту ако уредно ги соберат на стол или маса. Единствено решение е да ги сечат во бањата и да ги фрлат во канта.

2. Чепкање на носот и фрлање
„Работите“ од носот никако не е препорачливо да се „врткаат“ низ прстите и да се фрлаат во ќоше (незабележливо). Како и ноктите, ниту мрсулите не исчезнуваат туку така.

3. Мрсулавење
Никој не е отпорен на секретот од носот, особено во време на сезона на грипот. Но некои момци-мажи едноставно не умеат да се контролираат.

4. Влакна од брада на лавабото
Невозможно е „машко“ да не види дека по бричењето лавабото останало прекриено со влакна. Крајно време е да ја преземе одговорноста.

5. Смрдливи бомби
Некои момци-мажи се мошне горди на своите интензивни, гласни гасови. Предлогот е да го сочуваат овој вид на забава за своите машки пријатели.

6. Чешање во јавност
Што се крие зад константната потреба од чешање? Ако тоа не го прават девојките-жените, постои ли можност момците-мажите да ги чеша повеќе?

7. Пушење
Неодоливиот мирис и вкус на пепелникот. Жените сепак повеќе ги сакаат свежиот здив и белите заби.

8. Испрскана штица на wc шолјата
Никој од мажите не бара да извршат нужда во шише, шолјата е навистина голема,па не би требало да биде проблем да се погоди средината. И би било згодно кога би се сетиле на крајот и да ја спуштат штицата.

9. Живот во кочина
Возрасниот човек кој живее во стан што мириса како машка соблекувална тешко да може да привлече која било жена. Господа момци-мажи, измијте ги садовите, фрлете ја кутијата од пицата од пред 5 дена и, во краен случај, платете му некому да ви го исчисти станот.

10. Зборување со полна уста
Доволно е момците-мажите да се присетат на она што го научиле во градинката-џвакај, голтни, па потоа збори.

There are no comments yet

× You need to log in to enter the discussion